„Ерата на Министерството за одбрана заврши. Добредојдовте во Министерството за војна“, рече Хегсет. „Мисијата на Пентагон е војување – подготовка за војна и подготовка за победа, без двоумење и без компромис.“
Pentagon chief to U.S. generals: “Prepare for war.” pic.twitter.com/MMRovgrnRw
— WarTranslated (@wartranslated) September 30, 2025
Хегсет нагласи дека „нема време за игри“ и рече дека е потребно веднаш да се обнови американската воена индустриска база, бродоградбата и домашното производство на критични компоненти.
„Ако сакаме да спречиме и избегнеме војна, мора да се подготвиме сега. Времето е сега, а причината е итна“, рече тој, додавајќи дека следниот месец ќе одржи посебен говор за брзите реформи во набавките и воените иновации.
„Пентагон стана „буден“ оддел, но повеќе нема да биде“
Зборувајќи за воениот персонал, Хегсет ги обвини своите претходници дека промовирале команданти врз основа на квоти, раса или пол, наместо способност.
„Го загубивме компасот и станавме „будно“- (woke) министерство. Но, тоа е готово. Нашите воини имаат право да бидат предводени од најдобрите и најспособните команданти“, рече тој.
За состојбите во армијата обвини „неодговорни и непромислени политичари“, кои, како што рече, биле фокусирани на погрешни работи.
Враќање кон строгите стандарди
Една од главните пораки беше враќањето на физичките и професионалните стандарди во војската.
„Досадно е да се гледаат војници во лоша состојба. Подеднакво е неприфатливо да се видат дебели генерали и адмирали во Пентагон. Тоа е лоша слика“, рече Хегсет.
Тој најави десет нови директиви кои вклучуваат враќање на највисоките машки стандарди за борбени позиции, нови барања за кондициска подготвеност и враќање на строгите правила за бричење.
„Ерата на бради и смешни медицински изговори за бричење заврши. Ако не можете да го положите физичкиот тест или не сакате да изгледате професионално, време е за нова работа или нова професија“, рече тој.
Хегсет, исто така, најави реформа на внатрешниот надзор на Пентагон – Канцеларијата на генералниот инспектор, Канцеларијата за еднакви можности за вработување и програмата за еднакви можности на војската.
Тој ја нарече политиката „нема повеќе одење по јајца“.
„Ги ослободуваме командантите и подофицерите“, рече тој. „Треба да знаете дека воинот до вас во борба е способен, навистина физички способен да го прави она што е потребно под оган“.
„Вистинско токсично лидерство“
Тој особено се осврна на темата за таканаречените „токсични лидери“.
„Вистинското токсично лидерство промовира деструктивни идеологии кои се спротивни на Уставот и законите на природата. Дефиницијата за токсичност е превртена наопаку и ние го корегираме тоа“, рече Хегсет.
Тој најави целосна ревизија на дефинициите за „токсично лидерство“, „злоупотреба“ и „малтретирање“ во војската, тврдејќи дека овие термини се „оружје што ги поткопува командантите и подофицерите“.
„Ако тоа ме прави токсичен, нека биде така“, додаде тој.
Замена на генерали и адмирали
Хегсет, исто така, ја бранеше својата одлука да смени неколку високи офицери веднаш откако беше потврден како шеф на Пентагон.
„Речиси е невозможно да се смени културата со истите луѓе кои ја создале или имале корист од неа“, рече тој.
Тој додаде дека овие офицери „само ги следеле политичките наредби“ и обвини „цела генерација генерали и адмирали“ дека папагалски ја повторуваат „апсурдната теза дека различноста е нашата сила“.
„Анонимните жалби се кукавичлук“
На крајот, тој повика да престане практиката на анонимни критики на командантите и армијата на социјалните мрежи.
„Анонимното жалење преку интернет или тастатура не е достојно за воин. Тоа е кукавичлук маскиран како совест“, рече тој.
„Анонимните страници на социјалните мрежи кои ги оцрнуваат командантите, ги деморализираат војниците и го поткопуваат единството на единиците не смеат да се толерираат.“






