четврток, 29 мај 2025

Американскиот министер за финансии рече дека го смета Путин за воен злосторник

Американскиот министер за финансии Скот Бесент за време на своето годишно сведочење пред Комитетот за финансиски услуги на Претставничкиот дом рече дека го смета рускиот претседател Владимир Путин за воен злосторник, нагласувајќи ја потребата од преговори со сите страни во конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кога конгресменот Хуан Варгас го праша дали го смета Владимир Путин за воен злосторник, Бесент остро одговори: „Да“.

Потоа, Варгас го праша дали би преговарал со воен злосторник. Американскиот министер одговори дека смета дека тоа е „природата на дипломатијата кога мора да се преговара со двете страни“.

„Верувам дека преговорите беа неопходни и со Јапонците по Втората светска војна“, додаде Бесент.

По неколкумесечни преговори, Украина и САД потпишаа договор за формирање на Фонд за обнова, кој го потпишаа првата потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, и американскиот министер за финансии, Скот Бесент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ