петок, 13 март 2026

Американски воен авион за дополнување гориво се урна на западот на Ирак

Американски воен авион за полнење гориво се урна во западен Ирак, во инцидент за кој Централната команда на Соединетите Американски Држави (Центком) соопшти дека учествувал друг авион, но не бил резултат на непријателски или пријателски оган, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави испратија голем број авиони на Блискиот Исток за да учествуваат во операции против Иран.

Во соопштението американската Централната команда соопшти дека спроведува спасувачка операција откако се урна американски авион за полнење гориво КЦ-135. Вториот авион слетал безбедно.

„Инцидентот се случил во пријателски воздушен простор за време на операцијата „Епски гнев“, а спасувачките операции се во тек“, се наведува во соопштението, користејќи го името на американската воена операција против Иран.

Откако САД и Израел започнаа со напади врз Иран на 28 февруари, најмалку седум американски војници се убиени.

Ројтерс во вторникот објави дека до 150 американски војници се ранети во американско-израелската војна против Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ