понеделник, 16 февруари 2026

Американски сенатор: Русија намерно ги гаѓа американските компании во Украина

Русија намерно ги напаѓа компаниите во американска сопственост во Украина, изјави американскиот демократски сенатор Ричард Блументал, нагласувајќи дека не треба да има сомнение дека Соединетите Американски Држави ќе го продолжат своето работење таму.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прес-конференција во Киев Блументал кажа дека дознал за намерните руски напади врз американските компании за време на неговата посета. „Сезоната на лов на американски компании во Украина е отворена. (Рускиот претседател) Владимир Путин ги напаѓа американските фабрики и седишта тука со ракети и беспилотни летала“, истакна тој.

Американскиот сенатор ги отстрани и сите сомнежи дали САД ќе продолжат да работат во Украина.

„Америка ќе продолжи да работи во Украина. Ќе бидеме отпорни, исто како украинскиот народ. Но, американскиот народ мора да разбере дека Русија намерно, постојано и безмилосно ги напаѓа компаниите кои работат тука, вклучувајќи ги и некои од најголемите имиња во американската економија. Таквиот напад треба да предизвика уште поголем гнев од оној кој веќе постои“, оцени тој.

На 21 август 2025 година Русија го нападна регионот Закарпатија во западна Украина. Потоа, тој регион, за прв пат од почетокот на конфликтот, претрпе значителни уништувања. Две ракети „калибр“ ја уништија Флекс, американска компанија за производство на електроника, во предградието на Мукачево.

На 8 јануари 2026 година амбасадата на САД во Украина предупреди за „потенцијално значаен“ воздушен напад во наредните денови. Истата ноќ Русија ги нападна украинските региони и лансираше балистичка ракета со среден дострел „орешник“ кон Лавов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ