петок, 20 февруари 2026

Американски носач на авиони влезе во Средоземно Море

Американскиот носач на авиони УСС Џералд Р. Форд, придружуван од фрегата, денес помина низ Гибралтарскиот теснец и влезе во Средоземно Море, откако претседателот Доналд Трамп нареди распоредување на втор носач на авиони во регионот поради тензиите со Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според таа директива УСС Џералд Р. Форд, претходно стациониран во Карипско Море и кој важи за најголем носач на авиони во светот, беше испратен да се придружи на УСС Абрахам Линколн, кој веќе е распореден на Блискиот Исток.

Трамп нареди испраќање на дополнителен носач на авиони додека продолжуваат преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма.

Претходно денес Трамп изјави дека размислува за ограничен воен удар за да изврши притисок врз Иран за договор, без да даде дополнителни детали.

Во услови на зголемени тензии со Иран, американската војска оваа недела значително го зголеми своето присуство во Европа и Блискиот Исток, испраќајќи повеќе од 100 дополнителни авиони.

Моментално има над 100 ловци (Ф-35, Ф-15, Ф-16 и Ф-22) под команда на ЕУКОМ во Европа со силна поддршка од над 75 воздушни танкери, додека ударните сили на море се предводени од носачот на авиони УСС Џералд Р. Форд со својата мешана флота од над 50 палубни авиони.

Во исто време, Централната команда на американската војска на Блискиот Исток управува со масовна групација која вклучува повеќе од 110 борбени авиони, специјализирани авиони за рано предупредување (Е-3, Е-11) и легендарните А-10 и У-2.

Оваа сила е дополнително поддржана од носачот на авиони УСС Абрахам Линколн со модерни авиони Ф-35 и Ф/А-18. Како што ситуацијата продолжува да се развива, војниците се постојано во движење и заземаат стратегиски позиции низ целиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ