понеделник, 28 април 2025

Американски извори: Кинеските војници во Русија се платеници, немаат врска со кинеската влада

Повеќе од стотина кинески државјани кои наводно се борат на руската страна во Украина се платеници и се чини дека не се директно поврзани со владата во Пекинг, кажале двајца американски функционери запознаени со разузнавачките податоци и еден поранешен западен разузнавачки функционер.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Американските функционери, под услов за анонимност, кажале дека се чини дека кинеските борци имаат минимална обука и дека немаат никакво значително влијание на руските воени операции.

Поранешниот западен разузнавачки функционер запознаен со тоа прашање кажал за Ројтерс дека околу 200 кинески платеници се борат за Русија, а кинеската влада нема никаква врска со нив.

Меѓутоа, кинески воени офицери, со одобрение на Пекинг, посетиле подрачја во близина на руските борбени линии за да стекнат искуство и да се запознаат со воената тактика. Тие биле таму „апсолутно со одобрение“, кажал изворот за Ројтерс.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше претходно дека има информации за 155 кинески државјани кои се борат за Русија. Кина ги отфрли тврдењата на Зеленски како неодговорни и истакна дека не е страна во војната.

Платеници од западните земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, се борат за Украина од првите денови на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ