сабота, 12 јули 2025

Американски функционери: САД преместуваат бомбардери Б-2 на Гуам

Соединетите Американски Држави преместуваат бомбардери Б-2 на островот Гуам во Тихи Океан, изјавија денес двајца американски функционери за Ројтерс, додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали САД треба да учествуваат во израелските напади врз Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс пренесува дека не било јасно дали распоредувањето на бомбардерите е поврзано со тензиите на Блискиот Исток.

Б-2 може да биде опремен за носење на американската ракета за масовно пробивање ГБУ-57 од 13.600 килограми, дизајнирана да уништува цели длабоко под земја. Тоа е оружје за кое експертите велат дека може да се користи за напад на нуклеарната програма на Иран, вклучително и комплексот за збогатување нуклеарно ураниум Фордо.

Функционерите, зборувајќи под услов на анонимност, одбиле да откријат дополнителни детали.

Еден функционер кажал дека сè уште не се издадени наредби за преместување на бомбардерите од Гуам. Тие не кажале колку бомбардери Б-2 се преместуваат.

Пентагон не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Експертите и лидерите внимателно следат дали бомбардерите Б-2 ќе се движат кон американско-британската воена база на островот Диего Гарсија во Индиски Океан, според Ројтерс.

Експертите велат дека островот Диего Гарсија е во идеална позиција за дејствување на Блискиот Исток.

САД имаа бомбардери Б-2 на Диего Гарсија до минатиот месец, кога беа заменети со бомбардери Б-52.

Израел денес објави дека убиле ирански командант ветеран, додека Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана.

Иран и Израел се напаѓаат едни со други од 13 јуни, кога Израел ја почна војната против Иран.

Израел тврди дека Иран бил на раб на развој на нуклеарно оружје, додека Иран тврди дека неговата атомска програма е само за мирни цели.

Трамп претходно изјави дека ќе му требаат до две недели за да одлучи дали САД треба да влезат во конфликтот на страната на Израел.

Тој кажа дека ова е доволно време „да се види дали луѓето ќе се вразумат“.

Ројтерс првпат во неделата објави за преместувањето на голем број авиони танкери во Европа и други воени средства на Блискиот Исток, вклучително и распоредување на повеќе борбени авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ