понеделник, 15 декември 2025

Американски фондови преземаат клучна инфраструктура во Украина

Американските инвестициски фондови „Аргентем Крик Партнерс“ и „Иноватус Капитал Партнерс“ ја презедоа контролата врз еден од најголемите терминали за жито во Украина, „Олимпекс“ во Одеса, по долгогодишен правен спор.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тие дојдоа до ова по години судски спорови и со помош на администрацијата на претседателот Володимир Зеленски, пренесува Фајненшл тајмс.

Партнерот на фондот „Аргентем“, Џон Патон, најави дека терминалот би можел повторно да профункционира во текот на летото, најдоцна до септември, оперативното управување ќе му биде доверено на шведскиот инвеститор Карл Стурен.

Според Фајненшл тајмс, спорот започнал кога украинските сопственици на терминалот, поврзани со групацијата ГНТ, не вратиле заем од 95 милиони долари што го добиле од американските доверители.

Истрагата откри дека информациите за залихите од жито, кои биле обезбедување за кредитот, биле фалсификувани. Еден од поранешните сопственици на терминалот, Владимир Науменко, беше уапсен во мај под обвинение за измама, неговиот деловен партнер Сергеј Гроза тврди дека случајот бил политички мотивиран.

Со одлука на Врховниот суд на Украина на 9 јули, терминалот официјално беше префрлен во сопственост на американски фондови.

Фајненшл тајмс наведува дека капацитетот на „Олимпекс“ е околу пет милиони тони годишно, што го става меѓу клучните инфраструктурни објекти кога станува збор за извоз на жито од Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ