понеделник, 5 јануари 2026

Американски демократски сенатор: Оваа војна е незаконска

Набрзо откако Соединетите Американски Држави извршија воена агресија на Венецуела, демократскиот сенатор Рубен Галего од Аризона порача на социјалната мрежа Икс: „Оваа војна е нелегална“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Галего, ветеран од американскиот морнарички корпус кој служел во Ирак, ја опиша како „втората неоправдана војна во мојот живот“.

Сомнежи изрази и републиканскиот сенатор Мајк Ли од Јута, кој напиша на Икс: „Би бил среќен да дознаам што било, ако воопшто постои, што би можело уставно да ја оправда оваа акција во отсуство на објава на војна или овластување за употреба на воена сила“.

Во последните месеци демократите во Конгресот, како и некои републиканци, се спротивставија на зајакнувањето на военото присуство во регионот ан Карибите. Затоа во Претставничкиот дом и во Сенатот беа иницирани гласања за мерки кои би им забраниле на САД да ја нападнат Венецуела без претходно одобрение од Конгресот. Овие мерки на крајот беа отфрлени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ