недела, 14 декември 2025

Американски борбен авион Ф-35 се урна во Калифорнија (ВИДЕО)

Американскиот борбен авион Ф-35 се урна во близина на морнаричкиот аеродром Лемур во централна Калифорнија, соопшти денес американската морнарица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пилотот успешно се катапултирал и е безбеден. Нема дополнителни повредени лица“, се наведува во соопштението на морнарицата во Лемур.

Деталите за несреќата не се објавени. Причината за несреќата е под истрага, се наведува во соопштението.

Американската компанија Локид Мартин, која ги произведува борбените авиони Ф-35, како одговор на барањето на Ројтерс за коментар, изјави дека е запознаена со инцидентот со Ф-35 во морнаричката воздухопловна база Лемур.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ