вторник, 7 април 2026

Американски „абрамси“ и „бредли“ се борат против руски тенкови во Курск (ВИДЕО)

Украинската 47-ма механизирана бригада објави снимки на социјалните мрежи, за кои тврдат дека прикажуваат американски тенк „абрамс“ и пешадиско борбено возило „бредли“ во акција во рускиот регион Курск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украинските сили спроведоа акција во пограничниот регион, вклучувајќи напади на руските позиции со американски противтековски ракети“, тврди украинската страна. „Дали некој пред половина година можеше да замисли дека американска техника ќе биде на непријателската територија?“, се додава во соопштението.


Автентичноста на снимките не е независно потврдена.

Украинскиот упад во Курск на почетокот на август претставува единствен напредок на украинските сили од почетокот на конфликтот. Овој потег изненади голем број меѓународни набљудувачи, а Русија на почетокот бавно реагираше на брзото напредување на силите на Киев.

Меѓутоа, руските сили во последните недели константно напредуваат и ослободуваат територии, обидувајќи се да ги опколат украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ