„Денес, по наредба на претседателот Трамп, Министерството за одбрана спроведе смртоносен напад врз брод управуван од организација која американските власти ја сметаат за терористичка организација“, рече Хегсет во објава на социјалната мрежа Икс. „Бродот шверцуваше наркотици од Карибите и е погоден во меѓународни води“.
Хегсет додаде дека американските сили немале жртви во нападот.
As we’ve said before, vessel strikes on narco-terrorists will continue until their the poisoning of the American people stops.
Today, at the direction of President Trump, the Department of War carried out a lethal kinetic strike on a vessel operated by a Designated Terrorist… pic.twitter.com/gQF9LpSjqD
— Secretary of War Pete Hegseth (@SecWar) November 7, 2025
Инцидентот е дел од пошироката кампања за која Вашингтон тврди дека има за цел да го запре протокот на дрога во Соединетите Држави. Во 17 напади досега, американската војска убила вкупно 70 лица и уништила 18 бродови. Евидентирани се само тројца преживеани – двајца биле кратко приведени од американската морнарица пред да бидат вратени во нивните матични земји, додека третиот се претпоставува дека е мртов по потрага на мексиканската морнарица.
Администрацијата на Трамп го извести Конгресот дека САД се во „вооружен конфликт“ со нарко-картели од 2 септември, а убиените ги означи како „непријателски борци“. Администрацијата тврди дека има овластување да извршува смртоносни напади без судски надзор, повикувајќи се на таен налог од Министерството за правда.
Сепак, некои членови на Конгресот и организациите за човекови права ја оспоруваат таквата правна основа. Тие тврдат дека осомничените трговци со дрога треба да бидат кривично гонети, како што беше практиката пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата. Контроверзноста се зголемува и поради тоа што администрацијата не успеа јавно да достави докази за присуството на дрога на погодените бродови или за нивните врски со картелите.






