четврток, 12 март 2026

Американската војска трага по маскирани крадци на дронови од база среде САД

Американската војска нуди награда за фаќање на двајца крадци кои украле дронови од воена база, а објавувањето на наградата се случува поради страв од можен ирански напад со дронови на американско тло. Службата за кривични истраги на армијата понуди 5.000 долари за информации кои ќе доведат до апсење на крадците кои украле дронови од базата Форт Кемпбел во Кентаки минатиот ноември, пишува Њујорк пост.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Кражбата се случила помеѓу 21 и 24 ноември, но воените претставници не објавија кога точно е откриено дека опремата е исчезната.

Станува збор за дронови скајдио Икс10Д, лесни квадрокоптери со долг дострел што се користат за воздушен надзор и извидување. Според производителот, овие дронови користат вештачка интелигенција за да избегнат пречки и можат да се поврзат со 5Г мобилни мрежи, што им дава речиси неограничен дострел на сигналот. Вредноста на еден таков дрон се проценува на речиси 30.000 долари.

Воените истражители објавија фотографии од двајцата осомничени кои носеле ракавици, светли јакни и зимски капи, а едниот од нив имал маска на лицето. Објавени се и снимки од две возила за кои се сомнева дека биле користени во бегството. Станува збор за седан со светла боја со четири врати и темен камионет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ