Според нив, работната група, формирана претходно оваа пролет, почнала да губи замав во мај, бидејќи станувало сè појасно дека претседателот Трамп не е заинтересиран да заземе поостар став кон Москва, оценува Ројтерс.
Иако за време на изборната кампања вети дека ќе го прекине конфликтот во Украина на својот прв ден на функцијата, Трамп станува сè пофрустриран поради недостигот од напредок, велат анонимните функционери.
Претседателот дури размислувал целосно да ги напушти посредничките напори, велат изворите.
Според Ројтерс, последниот удар врз работната група бил пред околу три недели, кога повеќето членови на Советот за национална безбедност на Белата куќа, вклучувајќи го и целиот тим одговорен за конфликтот во Украина, беа отстранети како дел од поширока чистка.
Работната група ја водеа високи функционери на Советот за национална безбедност, но вклучуваше и претставници од Стејт департментот, министерството за финансии, Пентагон и разузнавачките агенции.