вторник, 20 мај 2025

Американската морнарица изгубила Ф-18 „супер хорнет“, паднал од брод и потонал

Борбен авион Ф/А-18 „супер хорнет“ на американската морнарица е изгубен на море откако паднал од носачот на авиони УСС Хари С. Труман, соопшти морнарицата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американски функционер кажа дека првичните извештаи од местото на настанот покажуваат дека носачот на авиони извел остар маневар за да избегне напад на јеменските хути, што предизвикало авионот да падне во морето. Јеменските бунтовници хути вчера ја презедоа одговорноста за нападот со дронови и проектили на носачот на авиони, кој се наоѓа во Црвено Море како дел од големата американска воена операција на групата поддржана од Иран.

Морнарицата потврди дека сите членови на екипажот се на безбедно и дека еден морнар е полесно повреден.

„Ф/А-18Е бил во постапка на влечење кога екипата за поместување ја изгубила контролата над авионот. И авионот и влечното возило паднале преку палубата. Морнарите кои го влечеле авионот веднаш реагирале и се засолниле пред авионот да падне во морето. Истрагата е во тек“, се наведува во соопштението.

Друг американски функционер кажал за Си-ен-ен дека авионот потонал. Според податоците на американската морнарица, еден Ф/А-18 „супер хорнет“ вреди повеќе од 50 милиони долари.

Американските носачи на авиони се најголемите воени бродови на светот и се долги речиси 335 метри. Тие се изненадувачки подвижни за својата големина. Погонети се од два нуклеарни реактори кои придвижуваат четири пропелерски оски. Носачите од класата Нимиц, како Хари Труман, можат да постигнат брзини поголеми од 55 км/ч.

Карл Шустер, поранешен капетан на американската морнарица, кажал за Си-ен-ен дека носачите при избегнувањето ракетни напади користат „цик-цак“ маневри.

„Обично се изведуваат низа наизменични движења под агол од 30 до 40 степени. Секое вртење трае околу 30 секунди, а почнува со нагло вртење, како возење цик-цак со автомобил“, објаснува Шустер.

„Бродот се навалува околу 10 до 15 степени при вртењето, а со тоа се поместува за 100 до 200 метри од очекуваната точка на погодок“, ако плови со максимална брзина, вели тој.

Американската морнарица истакна дека борбената група на носачот УСС Хари С. Труман и нејзиното воздухопловно крило „остануваат целосно способни за извршување мисии“.,

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ