Деновиве се зголемени руските напади врз украинските градови и инфраструктура, откако Русија објави еднострано „примирје“ по повод Денот на победата. Сепак, украинските власти објавија дека на 9 мај Русија продолжила со нападите, вклучително и гранатирање и ракетни напади во правец на Николаев, Харков, Суми и Запорожје.
Во најновото предупредување од амбасадата на САД се вели дека потенцијалните напади би можеле да бидат врз „големите урбани области, вклучувајќи го Киев и другите региони на Украина“.
Граѓаните на САД се охрабруваат однапред да ги одредат најблиските засолништа, да подготват основни материјали (храна, вода, лекови, ламби, полначи), редовно да ги следат локалните апликации и известувања, да ги избегнуваат јавните собири и непотребни патувања.
Амбасадата повторно ги повика американските граѓани да не патуваат во Украина и им советуваше на оние што веќе се таму да размислат да ја напуштат земјата додека сè уште постојат комерцијални опции. Исто така, беше нагласено дека во случај на ескалација, амбасадата нема да може да им обезбеди конзуларна помош на лицата што се поблиску до линијата на фронтот.
Во последните недели, Русија значително ги засили нападите со ракети и беспилотни летала низ цела Украина. Особено беа погодени Харков, Днепропетровската област, Одеса, Миколаев и централна Украина. Целите често се енергетска инфраструктура, железнички линии, складишта за гориво и цивилни населби. Иранските камикази дронови и крстосувачки ракети „шахед“ сè повеќе се користат во нападите.
Повеќекратните бранови напади, кои пристигнуваат во интервали, ги трошат одбранбените системи на Украина и предизвикуваат значителна штета.