четврток, 12 јуни 2025

Американска јавна обвинителка продала милионски акции на денот кога Трамп ги воведе царините

Американската државна обвинителка Пам Бонди продала акции во вредност помеѓу еден милион и 5 милиони долари од Трамп медиа енд технолоџи груп на 2 април, истиот ден кога американскиот претседател Доналд Трамп ги објави високите царини за увоз, објавија Пропублика и Њузвик, врз основа на јавно достапни финансиски документи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Продажбата се случила точно на денот кога Трамп, кој тој датум го нарекува „Ден на ослободувањето“, објави дека воведува општа царина од 10 отсто за речиси сите увезени производи, како и дополнителни „реципрочни“ царини за одредени трговски партнери, вклучувајќи 20 отсто за Европската Унија и 26 отсто за Индија.

На денот по продажбата, акциите на Трамп медиа, сопственикот на платформата Трут соушнал, паднаа за повеќе од 10 отсто, објави Си-би-ес њуз. Подоцна во април, акциите се кренаа и скокнаа за 57 отсто, објави Ројтерс. Денес, компанијата има околу 600.000 инвеститори, а Трамп поседува 57,3 проценти од сопственоста.

Нема индикации дека Бонди го прекршила законот, обвиненијата беа објавени по затворањето на берзата, но не е познато дали продажбата на акциите се случила пред или по тој период. Финансиските документи ја наведуваат само приближната вредност на продадените акции, без точната сума или времето на трансакцијата.

Пам Бонди ја презеде функцијата државен обвинител на 4 февруари, откако беше потврдена од американскиот Сенат по предлог на Трамп. Во етичкиот договор што го потпиша во тоа време, таа се обврза да го продаде својот удел во компанијата Трамп медиа во рок од 90 дена – односно најдоцна до почетокот на мај.

Според податоците што првично ги објави Форбс, Бонди добила акции во вредност од речиси 3 милиони долари од спојувањето на Диџитал ворлд“ и Трамп медиа.

Трамп, по негативната реакција на пазарот, објави 90-дневна пауза за „реципрочните“ тарифи една недела подоцна, додека основната стапка останува на сила. Кратко пред тоа, тој објави на својата платформа Трут соушал: „Ова е одлично време за купување„“. Некои демократи го обвинуваат за манипулирање со пазарот, но во моментов нема докази за тоа.

Бонди се најде под јавното внимание поради нејзината претходна лобистичка работа за Катар, откако се појави информација дека земјата сака да му подари на Трамп луксузен авион.

Во меѓувреме, Трамп го објави својот прв трговски договор по воведувањето на новите царини и кажа дека наскоро ќе следат уште повеќе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ