четврток, 2 април 2026

Американска банка им плаќа 72,5 милиони долари на жртвите на Епстин

Американски сојузен судија даде прелиминарно одобрување за спогодбата од 72,5 милиони долари на Банката на Америка со жени кои ја обвинија банката за овозможување на сексуалната злоупотреба од страна на Џефри Епстин. Судијата Џед Ракоф од Менхетен закажа рочиште за конечно одобрување на спогодбата за 27 август, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во групната тужба, поднесена во октомври од жена која го користи псевдонимот Џејн Доу, се тврди дека втората по големина банка во Америка ги игнорирала сомнителните финансиски трансакции поврзани со Епстин и покрај бројните информации за неговите злосторства, ставајќи го профитот пред заштитата на жртвите.

Судијата Ракоф пресуди во јануари дека Банката на Америка мора да се соочи со обвинението дека свесно профитирала од трговијата со луѓе на Епстин. Епстин почина во затвор на Менхетен во август 2019 година додека чекаше судење за обвиненија за трговија со луѓе, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство во официјалниот извештај.

Со согласувањето за спогодбата во март, Банката на Америка тврдеше дека не ги овозможувала злосторствата поврзани со трговија со луѓе, но дека спогодбата ќе ѝ овозможи на банката да продолжи напред и да им обезбеди сатисфакција на тужителите.

Адвокатите на тужителите, Дејвид Бојс и Бредли Едвардс, кажаа дека спогодбата е најдобрата опција за нивните клиенти бидејќи тие претрпеле штета пред години и сега им е потребна финансиска помош. Правниот тим може да побара до 30 проценти од износот на спогодбата, или околу 21,8 милиони долари, за адвокатски трошоци.

Меѓу другото, тужбата ги истакнува плаќањата направени од милијардерот Леон Блек, коосновач на Аполо глобал менаџмент, според Епстин. Блек, кој се повлече од функцијата раководител на Аполо во 2021 година откако беше утврдено дека му платил на Епстин 158 милиони долари за услуги за даночно и имотно планирање, негираше какво било кривично дело и тврдеше дека немал сознанија за криминалните активности на Епстин.

Адвокатите кои ја застапуваат „Џејн До“ претходно постигнаа други значајни спогодби во име на жртвите на Епстин, вклучувајќи 290 милиони долари од Џеј Пи Морган Чејс и 75 милиони долари од Дојче банк до 2023 година. Истиот правен тим поднесе жалба до пресудата на судијата Ракоф од јануари, со која беше отфрлена слична тужба против Њујорк Мелон банката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ