четврток, 1 јануари 2026

Американците тврдат дека го убиле шефот на Исламска држава во Сирија

Американските власти објавија дека го убиле лидерот на Исламска држава во Сирија, Абу Јусиф. Централната команда на САД (Центком) соопшти дека извршиле воздушен напад на истокот на земјата во кој мета бил Јусиф, познат и како Махмуд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американците тврдат дека во нападот е убиен уште еден припадник на Исламска држава. Нападот бил извршен во подрачје кое претходно било под контрола на сирискиот режим.

„Како што и претходно кажавме, Соединетите Американски Држави, во соработка со сојузниците и партнерите во регионот, нема да дозволат ИСИС да ја искористи моменталната ситуација во Сирија и да ги обнови своите редови“, кажа генералот Мајкл Ерик Курила.

„ИСИС има намера да ослободи повеќе од 8.000 свои милитанти кои во моментов се наоѓаат во притворски објекти во Сирија. Агресивно ќе ги целиме нивните лидери и оперативци, вклучувајќи ги оние кои се обидуваат да вршат операции надвор од Сирија“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ