недела, 5 април 2026

Американците тврдат дека го спасиле другиот пилот на урнатиот Ф-15

Властите на Соединетите Американски Држави тврдат дека го спасиле пилотот фатен зад непријателските линии откако Иран собори американски борбен авион Ф-15, соопшти утрово Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на изминатите неколку часа американската војска спроведе една од најопасните операции за трагање и спасување во историјата“, се тврди во изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп објавена на социјалната мрежа Икс од портпаролката на Белата куќа Керолин Левит.

Трамп кажа дека пилотот е повреден, но дека ќе биде добро. Со ова успешно се заврши кризната ситуација за претседателот, кој е во шестата недела од војната што ја почна против Иран.

Набрзо откако Иран објави дека неговата воздушна одбрана го соборила Ф-15, првиот член на екипажот беше пронајден, а американските сили почнаа обемна потрага по вториот преостанат член на екипажот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ