Напомена и дека шест лица на бродот се убиени и дека ниту еден член на американските сили не е повреден. Ова е петти смртоносен напад на Карибите, а администрацијата на Трамп истакна дека кон наводните трговци со дрога се однесува како со нелегални милитанти со кои мора да се соочат со воена сила.
Трамп истакна дека министерот за одбрана Пит Хегсет го наредил нападот вчера наутро. Тој сподели видео од нападот, како што правеше и претходно. Трамп тврди дека нападот бил извршен во меѓународни води и дека разузнавачките служби потврдиле дека бродот шверцувал наркотици, дека бил поврзан со „наркотерористички мрежи“ и дека се наоѓал на позната рута за трговија со дрога.
🚨 BREAKING: President Trump confirms Secretary Hegseth ORDERED a kinetic strike this morning on narcoterrorists operating just off the shores of Venezuela
Keep turning these vioIent trafflckers into ASH, President Trump 🔥
Trump wrote: “Under my Standing Authorities as… pic.twitter.com/dAGw3fxVfe
— Nick Sortor (@nicksortor) October 14, 2025
Сенатот минатата недела гласаше за резолуција за воените овластувања која би ѝ забранила на администрацијата на Трамп да извршува напади освен ако не е јасно одобрено од Конгресот, но резолуцијата не еусвоена. Нападите врз бродовите следат по зголемувањето на американските поморски сили на Карибите.
Минатата недела венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино им рече на воените лидери дека американската влада знае дека обвинувањата кои се користат за оправдување на нападите врз бродовите се лажни. Тој кажа дека вистинската цел на тие „лажни обвинувања е присилна промена на режимот“ во таа јужноамериканска земја.
Тој додаде дека венецуелската влада не го смета распоредувањето на американските воени бродови за обична „пропагандна акција“ и предупреди на можна ескалација. „Сакам да го предупредам населението: Мора да се подготвиме бидејќи ирационалноста со која функционира американската империја не е нормална“, изјави тој.






