понеделник, 22 декември 2025

Американците погодија брод во Карибите, објавена снимка од огромна експлозија

Американската војска изврши уште еден смртоносен напад врз брод за кој се тврди дека бил натоварен со дрога во Карипското Море, соопшти шефот на Пентагон, Пит Хегсет.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тројца мажи беа убиени во нападот“, напиша Хегсет во објава на Икс, додавајќи дека нападот се случил во меѓународни води и дека нема повредени припадници на американската војска.

Хегсет се повика на неодредени разузнавачки наоди за да го оправда нападот, наведувајќи дека бродот „минувал по позната рута за трговија со наркотици и транспортирал наркотици“. Тој не прецизираше каде во Карибите се наоѓал бродот кога бил нападнат.

„Овие терористи носат дрога на нашите брегови за да ги отрујат Американците дома – и нема да успеат. Министерството ќе се однесува кон нив ТОЧНО како што се однесувавме кон Ал Каеда. Ќе продолжиме да ги следиме, мапираме, ловиме и убиваме“, објави тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ветуваше строги мерки против нарко-картелите.

Нападот во саботата го означува 15-тиот јавно познат напад на американската војска врз бродови за шверц на дрога, откако администрацијата на Трамп започна со операциите на почетокот на септември. Вкупно 64 лица загинаа во нападите, кои беа извршени во Карибите и Тихиот Океан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ