четврток, 5 март 2026

Американците објавија снимка од нападите на Иран од носач на авиони (ВИДЕО)

На шестиот ден од нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, Американците денес објавија снимка на која се гледа како од носачот на авиони УСС Џералд Р. Форд се спроведуваат непрекинати операции во источниот Медитеран. Операциите се дел од мисијата за поддршка претенциозно наречена „Епски гнев“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ударната група на носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ продолжува со операциите 24 часа на ден во Медитеранот во поддршка на операцијата. Со друга ударна група на Блискиот Исток, американските сили вршат притисок врз Иран од морето“, објави Централната команда на САД (Центком).

Групата која го придружува носачот „Џералд Р. Форд“ дејствува во источниот Медитеран, додека ударната група на носачот УСС Абрахам Линколн е распоредена во Арапско Море. Двете групи спроведуваат континуирани операции против цели во Иран.

Операцијата „Епски гнев“ почна на 28 февруари со координирани воздушни напади на САД и Израел врз воената инфраструктура, раководството на Иран, но и врз цивилни цели. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и други високи ирански функционери беа убиени во нападите.

Според податоците објавени од претставници на Центком до вчера, шест американски војници се убиени, а најмалку 18 се тешко ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ