недела, 1 март 2026

Американците објавија снимка: „Го нападнавме Иран со невидливи бомбардери“ (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави извршиле напад со бомбардер Б-2 врз иранските објекти за балистички ракети вчера вечерта, објави Централната команда на САД (Центком) на платформата Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Центком објави видео од бомбардерите заедно со порака: „Американски бомбардери Б-2, вооружени со бомби од 900 килограми, ги нападнаа синоќа утврдените објекти  за балистички ракети на Иран. Ниедна нација не треба да се сомнева во решителноста на Америка“.

САД и минатата година користеа бомбардери Б-2, кои полетаа од воздухопловната база Вајтман во Мисури, за да ги нападнат нуклеарните објекти на Иран длабоко под земја. Досега не е објавено од каде полетале авионите кои се користеле во нападот во саботата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ