Хегсет напиша дека нападот бил извршен „по налог на претседателот Трамп“ и дека бродот се наоѓал во меѓународни води. Во објавата приложи видео-снимка од ударот.
„Ако сте нарко терорист кој шверцува дрога во нашата хемисфера, ќе се однесуваме кон вас како кон Ал Каеда. Дење или ноќе, ќе ги мапираме вашите мрежи, ќе ги следиме вашите луѓе, ќе ве ловиме и ќе ве убиеме“, рече Хегсет.
Overnight, at the direction of President Trump, the Department of War carried out a lethal kinetic strike on a vessel operated by Tren de Aragua (TdA), a Designated Terrorist Organization (DTO), trafficking narcotics in the Caribbean Sea.
The vessel was known by our… pic.twitter.com/lVlw0FLBv4
— Secretary of War Pete Hegseth (@SecWar) October 24, 2025
Пентагон и Хегсет наведуваат дека сите шест лива на бродот биле убиени во нападот и дека во операцијата не е убиен ниту еден американски војник. Ројтерс наведува дека ова е првата ноќна операција во серијата напади што ги спроведе американската администрација од септември во Карипското Море и Пацификот, а Асошиејтед прес и Ројтерс забележуваат дека властите сè уште не објавиле детални докази што директно би ги поврзале нападнатите бродови со шверц.
Венецуела и некои јужноамерикански земји остро ги критикуваа претходните американски напади, обвинувајќи го Вашингтон за кршење на меѓународното право и суверенитетот. АП забележува дека критичарите, исто така, изразиле загриженост за недостатокот на јавно достапни докази за тоа кој точно бил на нападнатите бродови и дали имало други опции за апсење или гонење на осомничените. Правните аналитичари повикаа на поголема транспарентност во врска со разузнавачките наоди што се основа на ваквите операции, пренесува Асошиејтед прес.
Досега, Белата куќа соопшти дека администрацијата разгледува неопходни мерки за „заштита на американската територија“ и запирање на протокот на дрога во Соединетите Американски Држави, американските претставници исто така најавија дека претседателот Трамп ќе го информира Конгресот за операциите. Ројтерс додава дека во Вашингтон се појавиле внатрешни и надворешни дебати за правната основа врз која се спроведуваат ваквите операции и колку се одржливи како долгорочна стратегија против трговијата со луѓе.






