среда, 11 јуни 2025

Америка за роденденот на Трамп ќе одржи воена парада, ќе чини 45 милиони долари

Американската војска почна со товарење на тенкови кои ќе се појават на улиците на Вашингтон следниот месец, како дел од прославата на 250-годишнината од основањето на американската армија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за огромен настан на кој ќе учествуваат стотици воени возила и авиони и илјадници војници, а датумот не е избран случајно – 14 јуни е роденден на претседателот Доналд Трамп.

Првично планиран како фестивал, настанот значително се прошири во последниве години и ќе вклучува и воена парада, која Трамп не успеа да ја спроведе за време на неговиот прв мандат. Сега неговата желба ќе се оствари.

Парада на тенкови – 60 тони челик во центарот на главниот град

Армијата моментално транспортира 28 тенкови М1 „абрамс“ од Форт Кавазос, Тексас. Тенковите тежат над 60 тони и ќе патуваат со воз девет дена до Мериленд, каде што ќе бидат натоварени на камиони и донесени кај споменикот на Линколн, каде што ќе бидат позиционирани пред почетокот на парадата.

На денот на парадата, тенковите, заедно со 28 оклопни возила „бредли“, 28 оклопни возила „страјкер“, 4 самоодни хаубици М-109 „паладин“ и друга влечена артилерија, ќе возат по трасата што минува кон Белата куќа. За да ги заштити асфалтните површини, војската ќе постави метални плочи на кривините, ќе обнови делови од асфалтот и ќе додаде гумена обвивка на шините.

Повеќе од 6.700 војници од цела Америка

Повеќе од 6.700 воени лица доаѓаат во Вашингтон, кои ќе спијат на кревети во две федерални згради и ќе јадат воени оброци за појадок и ручек помеѓу 11 и 15 јуни. Тие ќе имаат топол оброк за вечера, а ќе добиваат и 69 долари дневница.

Парадата ќе биде организирана хронолошки, со војници облечени во автентични униформи од секоја поголема американска војна – од Револуционерната војна до денешните конфликти. Секоја историска единица ќе има 60 костимирани војници, проследени со 400 модерни војници од истата база.

Некои учесници нема ни да бидат на теренот. Полковничката Ен Меклејн, астронаут од американската армија која моментално е стационирана на Меѓународната вселенска станица, исто така ќе учествува во програмата.

На самиот крај од парадата, златниот падобрански тим на армијата „Златни витези“ ќе изведат скок над Белата куќа и ќе му го предадат здипленото знаме на Доналд Трамп. По тој повод, 250 нови војници ќе положат заклетва, а заклетвата лично ќе им ја даде претседателот Трамп.

Над 50 авиони и хеликоптери од сите периоди на американската историја

За време на парадата, повеќе од 50 авиони и хеликоптери ќе летаат над градот синхронизирано со копнените трупи што ги претставуваат поединечните војни.

Кога единица во униформи од Втората светска војна ќе помине под Трамп, над него ќе прелетаат ловец П-51 „мустанг“ и бомбардер Б-25 „мичел“. Подоцна, на небото ќе се појават хеликоптери „хјуи“, „кобра“, „апачи“ и „чинук“, симболизирајќи ги современите конфликти.

Воздушниот простор на Вашингтон останува чувствително прашање по судирот на воен хеликоптер „блек хок“ и патнички авион во јануари, во кој загинаа 67 лица.

Војската истакна дека тесно соработувала со Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) за да ги одреди рутите. Авионот ќе полета од воздухопловната база Ендрјус и ќе лета кон Капитол. Воздушниот сообраќај над Вашингтон ќе биде привремено затворен за време на прелетот.

Вкупна цена од 25 до 45 милиони долари

Целодневната прослава ќе вклучува и концерти, огномет, настапи на играчи во НФЛ, фитнес натпревари, воени претстави покрај Националниот мол.

Се проценува дека настанот би можел да привлече до 200.000 посетители, а трошоците за организација ќе бидат помеѓу 25 и 45 милиони долари, според проценките на американската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ