Ова соопштение следи по слично предупредување издадено минатата недела од заменикот на државниот секретар на САД Кристофер Ландау. „Сакам да нагласам дека странците кои го величаат насилството и омразата не се добредојдени посетители во нашата земја“, напиша Ландау: „Згрозен сум кога гледам некои на социјалните мрежи како го фалат, рационализираат или го омаловажуваат настанот и им наложив на нашите конзуларни службеници да преземат соодветни мерки“.
Досега не е познато точно колку визи се одземени или одбиени, како и врз основа на кои точни критериуми Стејт департментот одлучува да преземе такви чекори. Исто така, останува нејасно дали европските граѓани се исто така погодени од оваа нова политика на Вашингтон.
America will not host foreigners who celebrate the death of our fellow citizens.
Visa revocations are under way. If you are here on a visa and cheering on the public assassination of a political figure, prepare to be deported. You are not welcome in this country. pic.twitter.com/dQys2OAeK7
— Secretary Marco Rubio (@SecRubio) September 16, 2025
31-годишниот Кирк беше убиен на 10 септември додека држеше говор пред студенти на Универзитетот Јута Вали. Осомничениот за убиство, 22-годишниот Тајлер Робинсон, беше уапсен во петокот по 33-часовна потера. Обвинителите во вторник го обвинија Робинсон за убиство, тврдејќи дека го застрелал Кирк во вратот од покривот на блиската зграда на кампусот.
По фаталното пукање, американските конзервативци остро ги критикуваа поединците кои го навредуваа Кирк или се потсмеваа на неговата смрт на социјалните мрежи. Поради несоодветни објави за Кирк, неколку луѓе во секторите за авијација, образование и медиуми ги загубија своите работни места или беа суспендирани.
На пример, американскиот министер за транспорт Шон Дафи изјави дека Американ ерлајнс ги приземји пилотите кои наводно ја славеле смртта на Кирк. „Ова однесување е одвратно и тие треба да бидат отпуштени“, кажа Дафи.
Заканите на администрацијата на Трамп да преземе мерки против она што го нарекува „радикална левица“ по атентатот врз Кирк предизвикаа стравувања дека американската десница се обидува да го искористи јавниот гнев за да ја потисне политичката опозиција. Главната обвинителка на САД Пам Бонди ги обвини „левичарските радикали“ за пукањето и кажа дека „тие ќе бидат повикани на одговорност“.
„Постои слобода на говор и има говор на омраза“, кажа Бонди во едно интервју: „Апсолутно ќе ве таргетираме, ќе ве гониме, ако таргетирате некого со говор на омраза“. Нејзината изјава брзо предизвика критики од коментаторите од двете страни на политичкиот спектар, кои истакнаа дека Првиот амандман од Уставот на САД не дава исклучок за „говор на омраза“.






