Официјални лица изјавија дека Министерството за одбрана на САД одбило да ѝ даде дозвола на Украина да започне напади во Русија, вклучувајќи и употреба на ракети со долг дострел, додека Белата куќа се обидувала да ја намами Москва да започне мировни преговори.
Процедурата за овластување за напад на високо ниво, која Министерството за одбрана не ја објави, ја спречи Украина да истрела какви било американски тактички ракетни системи со долг дострел, или АТАКМС, против цели во Русија од крајот на пролетта, изјавија официјални лица.
Според двајца функционери, Украина барем еднаш се обидела да користи АТАКМС за напад врз руска територија, но барањето било одбиено.
Со барањето за одобрување, Пентагон практично ја поништи одлуката на поранешниот претседател Џо Бајден, кој во последната година од својот мандат ѝ дозволи на Украина да изврши напади со ракети АТАКМС во Русија. Интересно е што Трамп во четвртокот на социјалните мрежи објави дека Украина не може да ја победи Русија ако не може „да игра офанзивно“.
„Многу е тешко, ако не и невозможно, да се победи војна без да се напаѓа“ земјата која напаѓа, напиша тој. „Нема шанси за победа!“
Сепак, американските власти велат дека изјавата не сигнализира промена на политиката што ќе стави крај на механизмот за одобрување. Од друга страна, висок функционер на Белата куќа рече дека Трамп би можел да се предомисли и да ги олесни проширените офанзивни операции против Русија. Како новоизбран претседател, Трамп ја нарече одлуката на Бајден да одобри напади во Русија „глупава“, тврдејќи дека тоа „само ја ескалира војната“.






