„Овој планиран напад врз палестински цивили би претставувал директно и тешко кршење на договорот за прекин на огнот и би го поткопал значајниот напредок постигнат преку напорите на посредниците“, соопшти Стејт департментот.
САД соопштија дека ги информирале спонзорите на мировниот план за Газа за „доверливи извештаи“.
Првата фаза од мировниот план меѓу Израел и Хамас, која беше постигната со посредство на САД, е во тек и се состои од прекин на огнот и размена на заложници и затвореници.
„Доколку Хамас нападне, ќе бидат преземени мерки за заштита на народот во Газа и зачувување на интегритетот на прекинот на огнот“, соопшти Стејт департментот.






