среда, 25 март 2026

Америка потврди дека испраќа копнени сили на Блискиот Исток

Соединетите Американски Држави потврдија дека испраќаат копнени сили на Блискиот Исток откако Иран го отфрли предлогот за мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Индипендент.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пентагон потврди дека делови од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија, единици за логистика и поддршка, како и 1-та борбена бригада ќе бидат испратени во регионот.

Потврдата доаѓа откако иранските власти објавија дека добиле предлог од САД за прекин на војната, но го оцениле како неприфатлив.

Ирански функционер изјави за Ројтерс дека првичните впечатоци „не се позитивни“, додавајќи дека првичниот одговор на Техеран бил пренесен до Вашингтон преку посредник од Пакистан.

Според пакистанските власти, кои дејствуваат како посредници, предлогот на САД вклучува ублажување на санкциите врз Иран, цивилна нуклеарна соработка, нови ограничувања на нуклеарната програма на Иран и повторно отворање на Ормускиот теснец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ