понеделник, 14 јули 2025

Америка на Блискиот Исток испраќа носач на авиони кој треба да биде пензиониран следната година

Американскиот носач на авиони УСС Нимиц се упати кон Блискиот Исток, додека голем број американски авиони за полнење гориво се префрлени во Европа, за да се отворат дополнителни опции за претседателот Доналд Трамп, потврдиле двајца американски функционери за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден од нив истакна дека потегот бил однапред планиран, но се случува во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Израел, кои досега одзедоа стотици животи и вклучуваат напади врз клучни воени и енергетски цели.

Актуелниот американски претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави за време на прес-конференцијата на самитот на Г7 во Канада дека Иран покажува знаци дека сака да го смири конфликтот, но изрази сомнеж дека сè уште има време за тоа.

„Да, тие сакаат да разговараат, но требаше да го направат тоа порано“, одговори Трамп на прашањето дали ги добил пораките преку посредник. „Иран не ја добива оваа војна“.

Трамп додаде дека конфликтот е „болен за двете страни“ и го повика Иран веднаш да почне преговори. „Треба да почнеме да разговараме сега, пред да биде предоцна“, оцени тој.

На прашањето на новинарите што би ги натерало САД директно да се вклучат, Трамп кратко одговори: „Не сакам да зборувам за тоа“.

Трамп претходно изјави дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат одбраната на Израел, но не потврди дали побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ги запре нападите врз Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ