сабота, 12 јули 2025

Америка го нападна Иран, Трамп порача: „Или ќе се согласат на мир, или ќе има посилни напади“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави извршиле напади на три нуклеарни објекти во Иран – Фордо, Натанз и Есфахан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го завршивме нашиот многу успешен напад на три нуклеарни објекти во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Есфахан. Сите авиони се сега надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална мрежа Трут соушал.

Трамп додаде дека на Фордо бил фрлен „цел товар бомби“, и дека авионите се враќаат назад.

Тој во обраќањето до нацијата потврди дека американските сили извршиле напади на три ирански нуклеарни објекти.

„Сите со години ги слушаа тие имиња додека тие ја градеа страшната и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше уништување на иранските капацитети за збогатување ураниум“, кажа Трамп.

Тој оцени дека нападот бил „спектакуларен воен успех“ и дека клучните објекти за збогатување ураниум се „целосно уништени“.

„Иран би требало веднаш да се согласи на мир. Би требало веднаш да прекинат со нападите. Во спротивно ќе следуваат посилни напади“, порача Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ