среда, 14 јануари 2026

Америка би можела да го нападне Иран

Светот е во исчекување дали Соединетите Американски Држави ќе преземат нешто во врска со можен воен напад врз Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на иранскиот режим со воени напади доколку безбедносните сили продолжат со насилството врз демонстрантите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Над 2.000 луѓе се убиени во протестите во Иран.

Снимки од Иран покажуваат колку ескалирала ситуацијата: една импровизирана мртовечница во Центарот за судска медицина Кахризак, јужно од Техеран, е исполнета со тела во црни вреќи, додека ужалените се собираат и се обидуваат да ги идентификуваат своите најблиски.

Протестите траат од крајот на декември, поттикнати од бесот на граѓаните поради колапсот на националната валута и драматичното влошување на животниот стандард.

Во таква атмосфера сè почесто се шпекулира за можен напад на Соединетите Американски Држави. Вашингтон подолго време го смета Иран за клучен дестабилизирачки фактор на Блискиот Исток, а евентуалниот напад би значел најопасна ескалација на односите меѓу двете земји во последните неколку години.

И германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека верува оти иранскиот режим, кој се соочува со сериозни проблеми, се наоѓа во своите „последни денови и недели“.

Како што изјави еден функционер на Белата куќа за Аксиос, Трамп е наклонет кон можноста за американски удари врз Иран како казна за, како што смета, убивањето на демонстрантите, но сè уште нема донесено конечна одлука и истовремено ги разгледува иранските предлози за преговори.

Доколку нареди напади, тие, според некои извори, најверојатно би биле насочени кон делови од режимот поврзани со внатрешната безбедност, за кои се смета дека се одговорни за репресијата.

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, во разговор за Скај њуз изјави дека Соединетите Американски Држави во моментов немаат планови за започнување воен напад врз Иран, иако таквата одлука може да се промени.

„Ако САД одлучат дека треба да дејствуваат за да го заштитат персоналот или имотот, или да ги заштитат енергетските текови, тогаш располагаат со низа алатки – од сајбер-напади и саботажи до дронови и ракетни напади од воздух и од море“, изјави за Си-ен-би-си Мет Герткен, главен геополитички стратег во Би-си-еј рисрч.

САД би можеле да нападнат и нуклеарна или воена инфраструктура или владини објекти за да ги намалат способностите на режимот и да „го одвратат режимот од дестабилизирачки акции“, додаде Герткен.

Дури и ако американската администрација разгледа „симболичен“ кинетички удар, тоа би можело да предизвика „многу поширока ескалација“, вели Дени Ситринович, виш истражувач во Институтот за студии за национална безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ