недела, 14 декември 2025

Алтернатива за Германија е попопуларна од владејачките конзервативци на Мерц

Десничарската Алтернатива за Германија (АфД) стана најпопуларна партија во Германија, според ново истражување на Институтот Форс за социјални истражувања и статистичка анализа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според истражувањето, доколку изборите се одржат денес, 26 отсто од Германците би гласале за АфД, додека водечкиот конзервативен блок на канцеларот Фридрих Мерц би ја добил поддршката од 24 отсто од гласачите.

Со оглед на тоа што десничарскиот Национален собир веќе води во Франција, резултатите од новото истражување во Германија веројатно ќе предизвикаат вознемиреност кај водечките лидери во Европа, пишува бриселскиот портал Политико.

Порталот потсетува дека во последните години, десничарските партии постигнаа силни резултати на изборите од Полска до Романија и од Португалија до Холандија.

Во меѓувреме, во Британија, крајнодесничарската партија Реформа на Велика Британија на Најџел Фараж е исто така близу до врвот на анкетите, во услови на широко распространето незадоволство од лабуристичката влада на премиерот Кир Стармер.

Иако една анкета на Политико покажува дека германските христијански демократи одржуваат мало водство пред АфД, десничарската партија доби на сила од изборите во февруари кога освои речиси 21 отсто од гласовите, што е нејзин најдобар резултат досега.

АфД, сега најголемата опозициска партија во германскиот Бундестаг, е основана пред повеќе од една деценија, во услови на европската должничка криза, од група економисти кои се спротивставуваа на еврото и финансиската помош за презадолжените земји. Во првите години, таа забележа едноцифрени резултати на изборите.

Денес, предводена од отворено радикалната Алис Вајдел, АфД застапува тврдокорни антиимигрантски и десничарски популистички ставови.

Некои водечки политичари велат дека АфД е толку екстремна што треба да биде забранета според одредбите од германскиот устав насочени кон спречување на повторување на нацистичкото минато.

Истражувањето на Форса покажува дека Мерц, кој се фокусира на прашања од надворешната политика како што се војната во Украина и европските односи со САД предводени од претседателот Доналд Трамп, има сè повеќе проблеми дома.

Така, анкетата покажа дека мнозинството Германци се незадоволни од мандатот на Мерц како канцелар – 67 отсто кажале дека не се задоволни од неговите перформанси по првите сто дена на функцијата.

Следните федерални избори во Германија ќе се одржат во 2029 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ