Социјалистите обезбедија 52,08 отсто од гласовите, добивајќи така апсолутно мнозинство во собранието од 140 пратеници, кажаа изборните власти во Тирана објавувајќи ги денес резултатите од изборите со преброени 95 гласачки места. Затоа се смета дека е речиси сигурно дека Рама ќе остане на чело на владата.
Втора најголема сила останува десничарската Демократска партија на политичкиот ветеран и поранешен претседател Саљи Бериша со 34,47 отсто од гласовите.
Покрај нив, во парламентот ќе будат застапени шест помали партии, од кои ниедна не добила повеќе од 4 отсто од гласовите.
Прагот за влез во албанскиот парламент е 1 отсто за партиите и 5 отсто за партиските сојузи. Рама е на власт од 2013 година.
Албанија, која е членка на НАТО од 2009 година, преговара за членство во Европската Унија од 2022 година. Набљудувачите неодамна забележале одреден напредок во борбата против корупцијата.
За време на изборната кампања имало извештаи за непримерни притисоци, заплашување и злоупотреба на државните ресурси, според Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).