петок, 19 декември 2025

Албанскиот претседател: Членството на Косово во ОН би било чин на правда

Албанскиот претседател Бајрам Бегај, во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, повика на поддршка за членството на Косово во ОН, нарекувајќи го чин на правда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Придонесот на Косово во регионалната и пошироката соработка е неоспорен, но местото на Косово во ова Собрание останува неправедно празно“, рече Бегај во својот говор, како што објави Радио Слободна Европа на албански јазик.

Тој рече дека признавањето на независноста на Косово и поддршката на неговото членство во ОН и другите меѓународни организации е „чин на правда“ и чекор кон консолидирање на мирот на Западен Балкан.

„Седумнаесет години по прогласувањето независност, Косово преку своите постапки покажа дека е одговорен член на меѓународната заедница, посветен на мирот, стабилноста и демократските вредности, со силни институции“, додаде Бегај.

Откако прогласи независност од Србија во 2008 година, Косово е признато од 119 држави, повеќето од нив членки на ОН.

Членството на Косово во ОН е особено отежнато од фактот што две од петте постојани членки со право на вето, Кина и Русија, не ја признаваат неговата независност и ја поддржуваат Србија.

Србија се спротивставува на членството на Косово во меѓународните организации бидејќи сè уште го смета за дел од својата територија.

Овој став беше повторен вчера за време на говорот пред Генералното собрание од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека Косово е „неотуѓив дел од Србија“ и „главна оска на идентитетот, културата и духовното наследство на Србија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ