среда, 18 март 2026

Албанскиот премиер Рама пред камери се потсмева со Трамп (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама се обиде да се пошегува со францускиот претседател Емануел Макрон за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Рама се потсмеваше со американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку наврати погрешно кажа дека придонел во решавањето на „конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија“, наместо да коментира за мировниот процес меѓу Ерменија и Азербејџан. Трамп дури неколку пати и Азербејџан го нарече „Абербајџан“, но целосно ја помеша Ерменија со Албанија.

Исмевајќи ја грешката на Трамп, Рама му кажа на Макрон дека треба да се извини што не им честитал на Азербејџан и Албанија за постигнатиот мир.

„Треба да ни се извините за тоа што не ни честитавте за мировниот договор што претседателот Трамп го склучи со нас“, му кажа Рама на Макрон во друштво на азербејџанскиот премиер.

„Жал ми е за тоа, момци“, Макрон веднаш ја прифати шегата, предизвикувајќи смеа кај сите тројца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ