вторник, 12 август 2025

Албанскиот премиер Рама повторно клекна пред Мелони (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама повторно го привлече вниманието на меѓународните медиуми со својот гест кон италијанската премиерка Џорџа Мелони за време на Конференцијата за реконструкција на Украина која се одржа денес во Рим. Додека се приближуваше до италијанската премиерка, Рама клекна и ги скрсти рацете.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Потоа се ракуваше со неа и ја бакна. Тие позираа за фотографите. Се чинеше дека на Рама не му беше јасно во која насока треба да оди.

Рама клекна пред Мелони и при нивните претходни состаноци. Така клекна кон средината на мај кога Мелони дојде на самитот на Европската политичка заедница, кој се одржа во Тирана. Потоа потегот на Рама ја насмеа Мелони. „Не, Еди“, му кажа Мелони со насмевка.

„Тој го прави тоа за да биде помал од мене“, додаде таа, по што следеше срдечна прегратка. Рама клекна пред Мелони и во јануари оваа година, кога ѝ го честиташе роденденот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ