сабота, 14 јуни 2025

Албанскиот премиер на колена ја дочека италијанската колешка Мелони (ВИДЕО)

За време на посетата на италијанската премиерка Џорџа Мелони на Албанија таа се сретна со домаќинот Еди Рама, со еден невообичаен гест.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рама, како и во некои претходни пригоди, клекна пред италијанската премиерка, што ја насмеа италијанската лидерка. „Не, Еди“, му кажа таа со насмевка. „Тој го прави ова за да биде помал од мене“, додаде таа, по што срдечно се прегрнаа.

Рама пред Мелони клекна и во јануари годинава, кога ѝ го честиташе роденденот.

Мелони и Рама разговарале за низа теми, вклучувајќи го мигрантскиот камп изграден во Албанија, каде треба привремено да се сместуваат мигранти од трети земји кои се враќаат од Италија, додека да им се провери документацијата.

Мелони од Тирана, каде учествува на состанокот на Европската политичка заедница, изјави дека во оваа прилика не го посетила кампот, но дека работите брзо напредуваат, што покажува дека „сè е на добар пат“.

Италијанската премиерка се осврна и на војната во Украина порачувајќи дека Европската Унија мора да инсистира на безусловно примирје и сериозен мировен договор со безбедносни гаранции за Киев. „Не смееме да бараме алтернативи. Мора да инсистираме на сериозни мировни договори и безусловен прекин на огнот, и гаранции за безбедност на Украина. Работиме на тоа“, кажа Мелони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ