Видеото, како што се додава, го објавил А.С. на својот фејсбук профил, а е снимено во автомобил додека возеле по автопат низ Србија, објави синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија.

Уапсените А.С. (37), Е.В. (42), Е.Г. (48) и А.Ц. (21) се осомничени за кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост.

Осомничените се задржани до 48 часа, по што ќе бидат приведени во Специјалното одделение на Вишото јавно обвинителство во Белград за борба против високотехнолошкиот криминал, заедно со кривична пријава.






