Според податоците што ги објави ЦИК, Социјалистичката партија на вчерашните избори успеала да добие 53,26 отсто од гласовите.
Според проекциите на албанскиот весник, Социјалистичката партија најверојатно е на пат за четврти мандат, со оглед на тоа што води убедливо и има предност во повеќето области во земјата, по отворањето на првите гласачки кутии.
Од друга страна, Демократската партија – Сојуз за Голема Албанија, според податоците на ЦИК, досега забележала 33,92 отсто од гласовите, што ја рангира како втора политичка сила.
Социјалдемократската партија освоила 3,79 отсто од гласовите, а по неа е Коалициска иницијатива со 3,51 отсто.
Гласањето на парламентарните избори во Албанија заврши синоќа во 19 часот, кога беа затворени избирачките места.
Според последните податоци на Централната изборна комисија, излезноста била 41,41 отсто. Право на глас имаа вкупно 3,7 милиони граѓани, а за прв пат во гласањето учествуваше и дијаспората.
Вкупно 2.046 кандидати, или 186 кандидати од секоја изборна единица, се натпреваруваа за 140 места во парламентот.