Мачедонци, во интервју за емисијата „60 минути“, која ја пренесе порталот Коха, изјави дека партнерите веќе постигнале принципиелен договор за заеднички развој и производство на возила со албански дизајн. Според него, производството би било географски распределено, така што секоја земја би била одговорна за производство на различни компоненти.
U okviru trilateralne vojne suradnje, Kosovo, Albanija i Hrvatska ulaze u povijesni projekt zajedničke proizvodnje oklopnog vozila “Shota”, dizajniranog u Albaniji. pic.twitter.com/dwNGk4bcoc
— Vuk83J 🇭🇷 (@putnik833) December 27, 2025
Доколку проектот се реализира, тоа ќе биде прв пат три балкански земји заеднички да произведат воено оклопно возило, кое би им служело на нивните вооружени сили, но и би било наменето за извоз. Оваа иницијатива е продолжение на меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста кој Косово, Албанија и Хрватска го потпишаа во март во Тирана, што остава отворена можност за вклучување и на други земји.
Мачедонци, исто така, нагласи дека Косовските безбедносни сили напредуваат побрзо од очекуваното, надминувајќи ги целите поставени во Сеопфатниот транзициски план од 2018 година. Тој потврди дека Косово веќе користи системи против беспилотни летала и размислува за понатамошно зајакнување на овие капацитети.
🚨🇽🇰🇦🇱
Kosova & Albania have agreed to jointly produce and develop the “Shota” armored vehicle.
According to the 🇽🇰 Ministry of Defense, Croatia will be invited to participate in this joint armored vehicle production. pic.twitter.com/Gsxe86KYLF
— Kosovo is Dardania🇽🇰🇦🇱 (@Dardha93) December 26, 2025
Косово планира да тргне кон целосна воена оперативност уште следната година, што вклучува набавка на системи за воздушна одбрана и хеликоптери, иако тоа е забрането со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Мачедонци откри дека има разговори со Пентагон за потенцијално купување хеликоптери, посочувајќи дека Соединетите Американски Држави и Турција остануваат главни одбранбени партнери на Косово, заедно со проширувањето на соработката со Германија, Италија, Обединетото Кралство, Хрватска и Чешка.
Трилатералниот меморандум за одбрана предизвика остри критики од Србија. Белград тврди дека го крши регионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година, како и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Белград истакна дека таа резолуција го дефинира КФОР како единствена легална вооружена сила во Косово.






