недела, 7 декември 2025

Албанија ќе издвои 100 милиони евра за вооружување за следната година

Албанија планира зголемување на средствата за вооружување за следната година за 100 милиони евра, со што трошоците за вооружените сили ќе достигнат 589 милиони евра, или 2,1 отсто од БДП, приближувајќи се до целите на НАТО, се наведува во нацрт-буџетот за 2026 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата нагласува дека приоритетите за периодот 2026-2028 година ќе бидат модернизација на воената инфраструктура, опремување на копнените сили со оружје на НАТО и зајакнување на технолошките системи, пишува Албанијан пост.

Албанија планира и да учествува повеќе во операциите на Алијансата и да продолжи со својот ангажман во меѓународните мисии и цивилните вонредни состојби.

Самитот на НАТО во Хаг во јуни ја потврди посветеноста на членките за зголемување на воените трошоци на пет отсто од БДП во текот на следната деценија, а Албанија веќе презема чекори за да ја исполни таа цел.

Министерот за одбрана Пиро Венгу кажа дека инвестицијата ќе послужи и за економски развој преку развој на воена инфраструктура која има и цивилни примени. Албанските власти преговараат со меѓународни компании за инвестиции во производството на тешка артилерија, лесно оружје, муниција, оклопни возила и воени униформи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ