вторник, 16 декември 2025

Албанија го именуваше првиот АИ министер во светот

Албанија стана првата земја во светот што има виртуелен министер направен од пиксели и код, воден од вештачка интелигенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Еди Рама денес објави дека „министерката“ по име Диела, што на албански значи сончева светлина, ќе биде задолжен за сите јавни набавки во земјата.

Во текот на летото, Рама кажа дека Албанија еден ден би можела да има дигитален министер, па дури и премиер заснован на вештачка интелигенција, но малкумина веруваа дека тоа ќе се случи толку брзо.

На собранието на Социјалистичката партија во Тирана, каде што премиерот најави промени во својот кабинет, тој ја претстави и Диела – единствениот нечовечки член на владата.

„Диела е првиот член на владата кој не е физички присутен, туку е создаден виртуелно преку вештачка интелигенција“, им кажа Рама на своите сопартијци.

Тој објасни дека одлуките за тендерите ќе бидат ослободени од надлежните министерства и ќе бидат префрлени во надлежност на Диела, кого го нарече „слуга на јавните набавки“. Како што истакна, процесот ќе оди постепено, но целта е Албанија да стане земја каде што јавните тендери се „100 проценти некорумпирани“ и „целосно транспарентни“.

„Ова не е научна фантастика, туку задача за Диела“, истакна премиерот.

Виртуелната министерка им е веќе позната на албанските граѓани преку платформата е-Албанија, преку која повеќето административни услуги се извршуваат дигитално. Диела има и свој аватар, таа е прикажана како млада жена во традиционална албанска носија.

Според најавата на Рама, Диела ќе оценува тендери, ќе има овластување да ангажира експерти од целиот свет и ќе го растера „стравот од предрасуди и ригидност на администрацијата“.

Корупцијата, особено во јавната администрација и секторот за јавни набавки, долго време е еден од најголемите предизвици на Албанија. Во своите годишни извештаи за владеењето на правото, Европската Унија редовно го нагласуваше проблемот со нерегуларностите и нетранспарентноста во овој сегмент, пишува бриселски Политико.

Еди Рама освои историски четврти мандат во мај 2025 година, ветувајќи дека Албанија ќе стане членка на Европската Унија до 2030 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ