сабота, 6 декември 2025

Аксиос: Трамп немо гледа додека Путин и Нетанјаху преминуваат нови линии

Претседателот Трамп обожава да се фали со својата уникатна способност да ги контролира глобалните настани и лидери, но постојат два значајни исклучоци: неговиот сојузник Бенјамин Нетанјаху и неговиот формален противник Владимир Путин, пишува Аксиос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Војните во Украина и Газа се двете доминантни глобални кризи во вториот мандат на Трамп, но и покрај ветувањата дека ќе ги запре двете, тој во последно време се чини се колеба во својата способност да влијае врз луѓето што ги продолжуваат конфликтите.

Трамп им призна на свои блиски луѓе дека ја потценил желбата на Путин за мир, но ги отфрла тврдењата дека е манипулиран од Нетанјаху, рекол за Аксиос извор со директен пристап до информациите.

Еден висок функционер од Белата куќа призна дека постои голема сличност во фрустрацијата што Трамп и неговиот тим ја чувствуваат поради неспособноста да ги завршат војните во Украина и Газа.

Трамп, вели Аксиос, реагираше речиси идентично кога Русија го изведе најголемиот воздушен напад врз украинскит градови и кога Израел ја бомбардираше воената база во Катар, сојузник на САД.

„Не сум среќен од целата ситуација“, рече Трамп за руските напади, повторно тврдејќи дека е подготвен да воведе санкции.

„Не сум воодушевен од целата ситуација“, рече Трамп за ненадејниот напад на Израел, за кој не дознал сѐ додека ракетите не се вивнале во воздухот, според официјални лица на САД. Тој приватно му рекол на Нетанјаху да не го повтори, но не изрази јавна осуда.

Трамп повторно „не беше среќен“ откако 19 руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор во средата.

Сојузниците од НАТО го опишаа тоа како опасна, намерна провокација, но Трамп рече дека „можеби станува збор за грешка“ кога го прашаа за тоа во четвртокот. Во својот единствен јавен коментар за инцидентот во првите 24 часа, тој звучеше речиси како љубопитен набљудувач: „А што е со руското нарушување на воздушниот простор на Полска со дронови? Ете ни!“

Пред еден месец, кога се сретнаа на Алјаска, Трамп изјави дека Путин ќе се соочи со сериозни последици ако не се согласи на прекин на огнот во Украина или не преземе значајни чекори кон мир.

Неговите советници во себе беа убедени дека овој пат тој е сериозен. Наместо тоа, Трамп го прогласи самитот за успешен без објаснување што точно е постигнато.

Дипломатската лента е заглавена, руските напади врз украински цивили се зголемуваат, а последици нема.

Администрацијата ја префрли одговорноста за притисок врз Путин на Европа, барајќи дополнителни санкции од ЕУ врз Москва и Кина за купување руска нафта.

„Претседателот е подготвен да воведе сериозни последици врз Русија, но нагласува дека Европа треба да се залага и да го направи она што тој го прави за да ги притисне овие земји што ја финансираат војната“, рече портпаролот на Белата куќа, мислејќи на царините што Трамп ги воведе кон Индија (но не и кон Кина).

Трамп и неговиот тим повремено сугерираат дека не можат да направат уште многу, и дека Русија и Украина едноставно ќе мора уште малку да се борат.

Што се однесува до Нетанјаху, Трамп има огромна моќ.

Но во прашањата поврзани со Газа, тој се колебаше да ја искористи — главно го следи водството на Нетанјаху, наизменично нудејќи предлози за мир и поддржувајќи проширени воени акции, вели Аксиос.

Лидерите на Хамас се сретнаа во Доха за да го разгледаат последниот мировен план на Трамп кога Израел ги нападна без да се консултира со Белата куќа.

Ова не е единствената дипломатска иницијатива на САД што Нетанјаху ја поткопа. Израелскиот премиер силно се залагаше за воена акција против Иран додека Трамп сè уште се надеваше на нуклеарен договор.

На крај, Трамп одлучи да му се тргне на Израел од патот. Откако првата фаза беше успешна, тој ја поздрави операцијата и потоа се приклучи во неа.

Во однос и на Газа и на Иран, на возачкото седиште често е Нетанјаху, а Трамп повремено го критикува неговото возење, но не го грабнува воланот.

Во меѓувреме, постојаните тврдења на Трамп дека Путин ќе воспостави мир за да ги подобри односите со него сè уште не се оствариле, заклучува Аксиос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ