среда, 1 април 2026

Аксиос: Се чини дека Трамп е во пат-позиција

По еден месец, војната на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран покажува три сосема различни лица: воена кампања која во најголем дел ги исполнува очекувањата, стратегиска визија која не ги исполнува очекувањата и политички и економски проблем кој се влошува од ден на ден. Иако администрацијата на Трамп ја прогласува операцијата „Епски гнев“ за огромен успех, текот на војната – од промена на целите до зголемување на трошоците – укажува на можен ќорсокак, пишува Аксиос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според конвенционалните воени стандарди, Соединетите Американски Држави и Израел доминираат над Иран на море, во воздух и на копно. Во првите 29 дена од операцијата „Епски гнев“ погодени се повеќе од 11.000 цели, спроведени се повеќе од 11.000 летови и повеќе од 150 ирански бродови се оштетени или уништени, објави Пентагон. Во почетната фаза од војната, поголемиот дел од иранското воено раководство беше обезглавен, а нанесена беше значителна штета на програмата за балистички ракети.

Сепак, одржувањето на воената кампања има цена. Најмалку 13 американски војници се убиени, а стотици се ранети, опрема во вредност од милијарди долари е оштетена или уништена, а проценетите оперативни трошоци се околу 1 милијарда долари дневно. САД потрошија повеќе од 850 крстосувачки ракети „томахавк“ за четири недели, објави Вашингтон пост, и тоа во време кога залихите веќе беа далеку под планираните нивоа.

Главниот портпарол на Пентагон Шон Парнел кажа: „Военото министерство има сè што му е потребно за да изврши која било мисија во време и место што ќе го избере претседателот и во кој било даден временски рок“. И покрај ова, Пентагон бара финансиска инјекција од приближно 200 милијарди долари за војната, главно за надополнување на залихите со муниција. Одобрувањето не е загарантирано во цврсто поделениот Конгрес.

Во меѓувреме, иранските ракети продолжуваат да го засипуваат регионот, а американските сили не се поштедени. Само еден ден откако министерот за одбрана Пит Хегсет ја прогласи иранската војска за „неутрализирана“, иранските ракети погодија база во Саудиска Арабија, ранувајќи 29 американски војници и оштетувајќи американски авиони за полнење гориво и надзор. Њујорк тајмс објави дека многу од 13-те американски воени бази во регионот станале „речиси непогодни за престој“ поради тековните ирански напади. Пентагон, повикувајќи се на оперативната безбедност, одби да коментира за извештајот.

Стратешката слика тешко може да се помири со триумфализмот на администрацијата. Отстранувањето на иранското раководство, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи, не го дестабилизираше режимот, не го омекна неговиот антиамерикански став, ниту пак му донесе „слобода“ на иранскиот народ. Централното оправдување за војната – елиминирањето на иранската нуклеарна закана – останува нерешено. Трамп сега размислува за копнена операција со висок ризик за запленување на иранските залихи на високо збогатен ураниум. Затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран стана најштетната ненамерна последица од војната, предизвикувајќи историски енергетски шок, влошувајќи ги односите со сојузниците и заканувајќи се да ескалира во долготрајна стратегиска криза.

Еден функционер на Белата куќа ја отфрли таквата стратегиска проценка, велејќи дека Трамп поставил четири јасни цели за операцијата „Епски гнев“: уништување на балистичките ракетни капацитети на Иран, уништување на неговата морнарица, елиминирање на терористичките посредници и обезбедување дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје. Тој исто така кажа дека „оружените сили на Соединетите Американски Држави ги исполнуваат или дури ги надминуваат сите поставени цели“. Функционерот додаде дека иранската „морнарица е борбено неефикасна, нивните напади со беспилотни летала се намалени за 90 проценти, а две третини од нивните производствени капацитети се оштетени или уништени“.

Дома, војната зема голем политички данок според речиси сите достапни мерила. За прв пат во неговиот втор мандат, просечниот рејтинг на одобрување на Трамп падна под 40 проценти, додека цената на бензинот од 4 долари за галон дополнително ја поткопува неговата економска позиција.

Војната во Иран е најнепопуларната голема воена акција во модерната американска историја: Повеќе од 60 проценти од Американците не го одобруваат начинот на кој Трамп го води конфликтот, според анкетата на Пју рисрч.

Неговата поддршка паѓа и во рамките на неговиот сопствен табор – одобрувањето меѓу гласачите кои гласаа за него во 2024 година падна од 93 проценти на почетокот на неговиот мандат на 76 проценти, според анкетата на Југов/Економист од 27 до 30 март.

Осврнувајќи се на економскиот данок, портпаролот на Белата куќа Куш Десаи кажа дека Трамп „секогаш бил јасен за краткорочните нарушувања“ што би ги предизвикала војната. Притоа, тој посочи на извршните наредби за прифатливост на домувањето, цените на лековите и даночните олеснувања како доказ дека администрацијата „имала план да ги ублажи тие нарушувања“. Запрашан во вторникот за високите цени на бензинот, Трамп им кажа на новинарите: „Сè што треба да направам е да заминам од Иран, а ние ќе го направиме тоа многу брзо, а цените драстично ќе паднат“.

Американската го направи она што се бараше од неа. Но, потешкото прашање – како изгледа вистинската победа – е прашање на кое администрацијата на Трамп сè уште не понудила одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ