„Немаме ништо ново да споделиме со вас по ова прашање“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, на прес-конференција, објави АФП.
Но Аксиос вели дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп тајно развива сеопфатен мировен план за Украина.
Планот има 28 точки и четири компоненти – мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи на САД со Русија и Украина.
Не е јасно како планот ги решава спорните прашања, како што е територијалната контрола во источна Украина, соопшти порталот.
Претставникот на Трамп, Стив Виткоф, го води развојот на планот и детално го дискутирал со рускиот пратеник Кирил Дмитриев, соопштија американски претставници.
Висок руски функционер изјави за „Аксиос“ дека е оптимист во врска со планот.






