вторник, 7 април 2026

Аксиос: Нетанјаху вчера му кажал на Трамп да се откаже од примирје со Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да не оди кон примирје со Иран во оваа фаза, наведувајќи загриженост за можни ризици, според извештај објавен денес од Аксиос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на телефонскиот разговор во неделата Нетанјаху изразил резерви во врска со можно примирје со Иран, предупредувајќи дека тоа може да носи стратегиски ризици, изјави израелски функционер за Аксиос.

Сепак, Трамп му кажал на Нетанјаху дека може да се постигне примирје со Иран ако Техеран се согласи на барањата на Соединетите Американски Држави. Тој повтори дека барањата на Вашингтон вклучуваат Иран да го предаде целиот свој збогатен ураниум и да се обврзе да не продолжува со збогатување ураниум, кажа изворот.

Во меѓувреме, Нетанјаху денес на социјалната мрежа Икс кажа дека разговарал со Трамп во неделата и го пофалил она што го нарекува херојска операција за спасување на американскиот пилот, додека Трамп изрази благодарност до Израел за неговата помош.

Израелскиот премиер додава дека Трамп го пофалил Израел како стабилен, решителен и цврст сојузник и рекол дека двете земји продолжуваат да го ослабуваат иранскиот режим на терор.

Во војната на САД и Израел против Иран, која ја почнаа на 28 февруари, досега се убиени најмалку 1.340 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи. Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив кои се домаќини на американски воени капацитети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ