четврток, 15 јануари 2026

Агенти на ФБИ претресувале куќа на новинарка на Вашингтон пост во „крајно невообичаен и агресивен“ потег

Федералното истражно биро (ФБИ) извршило рација во домот на новинарка на Вашингтон пост, што весникот го опиша како „екстремно необичен и агресивен“ чин на спроведување на законот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Агентите извршиле рација во домот на Хана Натансон во Вирџинија како дел од истрагата за владин изведувач обвинет за нелегално задржување на доверливи владини материјали. Вашингтон пост „ја разгледува и следи ситуацијата“, изјавил извор од редакцијата за британски Гардијан.

Според налогот за претрес во кој имал увид Вашингтон пост, биле претресени домот и електронските уреди на новинарката, а нејзиниот часовник од марката Гармин и мобилниот телефон биле запленети. Во налогот се вели дека истрагата е поврзана со Аурелио Перез-Лугонес, системски администратор со седиште во Мериленд со безбедносна дозвола од највисок степен на тајност, кој е обвинет дека пристапувал до доверливи разузнавачки извештаи и ги носел дома.

Според Вашингтон пост, Натансон известува за федералната администрација и вработените во федералните институции и била дел од „највидливото и најчувствително известување“ на весникот во текот на првата година од вториот мандат на администрацијата на Доналд Трамп.

Како што наведува весникот во својот извештај, „крајно е невообичаено и агресивно органите за спроведување на законот да претресуваат дом на еден новинар“.

Во текстот во прво лице објавен минатиот месец, Натансон се опишуваа себеси како „шептач од федералната влада“ за Вашингтон пост, наведувајќи дека добивала повици дење и ноќе од „федерални вработени кои сакале да кажат како претседателот Доналд Трамп ги преправа правилата на нивното работно место, ги отпушта своите колеги или ги менува мисиите на своите агенции“.

„Беше брутално“, гласи насловот на тој текст.

Натансон кажа дека работата ѝ донела 1.169 нови извори – „сите сегашни или поранешни федерални вработени кои избрале да ги споделат своите приказни со мене“. Таа кажа дека добила информации „кои на луѓето во државните агенции не им било дозволено да ми ги откријат“, додавајќи дека интензитетот на работата речиси „ја скршил“.

Федералната истрага за Перез-Лугонес, според Вашингтон пост, вклучувала документи за кои ФБИ вели дека биле пронајдени во неговата кутија за ручек и во подрумот на неговиот дом.

Министерството за правда на САД не коментира за претресот на домот на новинарката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ