Агенцијата на НАТО за поддршка и набавки (НСПА) им помага на членките на НАТО и нивните партнери да набават одбранбена опрема и други безбедносни системи и поддршка. НАТО како организација не поседува оружје.
Агенцијата на ЕУ за правосудство Евроџаст денеска објави дека дала поддршка за прекуграничната истрага за наводна корупција во која се вмешани сегашни и поранешни вработени во НСПА. Истрагата се протега на Шпанија и Луксембург.
Руте додаде дека НАТО „тесно соработува со сите релевантни органи“.
Белгиските обвинители соопштија дека двајца осомничени во западниот регион Фландрија биле приведени на сослушување поради тие обвиненија. Едниот е уапсен, другиот пуштен на слобода. Не беа објавени имињата или детали за нив.
Обвинителите рекоа дека истрагата се фокусира на можни „неправилности“ во доделувањето договори на одбранбените компании за купување воена опрема како што се муниција и беспилотни летала.
Обвинителите се сомневаат дека вработените во агенцијата можеби им давале доверливи информации на компаниите за да им помогнат да добијат договори и дека парите можеби биле перени преку консултантски фирми формирани за таа цел.